Над 200 здравствени работници на едукација во странство од почетокот на 2015

Во рамки на проектот за едукација на здравствениот кадар во странство, што континуирано се спроведува во изминатите три години, само од почетокот на годинава се испратени вкупно 234 здравствени работници на едукација во реномирани медицински центри во Европа и светот.

Во текот на овој месец, на едукација во странство се испратени 72 здравствени работници, во повеќе медицински центри во Европа и Соединетите Американски Држави, меѓу кои: Универзитетски медицински центар АКХ – Виена; медицински центар Роналд Реган – УКЛА, САД; Клиника Штутгарт; Универзитетски клинички центар Хамбург – Епендорф; клиника АТОС – Германија; Универзитетска болница Чапа Черепаша – Истанбул, Турција; Клинички центар Љубљана; болница Токуда – Софија, Бугарија; Центар за тренинг – Измир, Турција; Клинички центар Белград – Србија; болница Шафак – Истанбул, Турција. До крајот на овој месец, дополнителни 18 здравствени работници ќе бидат испратени на едукација во медицински центри во Ново Место, Словенија и Истанбул, Турција.

Проектот за едукација на здравствениот кадар во странство овозможува стекнување нови знаења и вештини, како и совладување нови методи за лекување и третман на пациентите, со цел континуирано унапредување на квалитетот на здравствените услуги во Македонија. Oд почетокот на имплементација на проектот, досега на едукација во странство се испратени над 1.300 здравствени работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.