Над 250 инвестициски проекти во Крим откако се припои кон Русија

Странските инвеститори предложија 250 инвестициски проекти, кои би можеле да почнат да се реализираат на Крим. Според претседателот на Република Крим, Сергеј Аксенов, меѓу заинтересираните има бизнисмени од Франција, Јапонија и Израел.

Странските инвеститори имаат желба да инвестираат во сите области, пред се во областа на земјоделството, управување со цврст отпад, туризам. Постојат околу 250 предлози кои се разгледуваат, рече тој.

Претседателот додаде дека овие бизнисмени, вклучувајќи ги и оние од Франција, Јапонија, Израел, Турција и Кина, како резултат на анти-руските санкции не сакаат да ги откријат нивните имиња и имињата на нивните компании, пренесува агенција РИА Новости.

Аксенов рече дека ја почитува желбата на потенцијалните инвеститори да не ги објави своите планови за инвестирање во Крим и за Кримската власти е од суштинско значење на кој начин парите ќе пристигнат во Крим, а механизми за да се избегнат санкциите постојат, убеден е претседателот на Крим.

Крим и Севастопол градот, кој се наоѓа на Кримскиот Полуостров станаа руски региони, бидејќи во март минатата година повеќе од 90 учесници на референдум гласаа за повторен влез во состав на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.