Над 250 милиони евра инвестиции во 2013-та година

Во текот на минатата година во земјава се влеале директни инвестиции во висина од 251,5 милиони евра , покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Од тој вкупен износ, 147,4 милиони евра се акционерски капитал и реинвестирана добивка, а остатокот се побарувања и обврски.

Велика Британија, Австрија и Германија, во текот на минатата година беа најголемите инвеститори, а за тоа сведочат и бројките, па така од Обединетот кралство во Македонија се инвестирале 44,63 милиони евра, австриските инвестиции беа на ниво од 36,54 милиони евра, додека германските „тежеа“ над 27 милиони евра.

Пред седум години, поточно во 2007 година беше достигнат рекордот по директни инвестиции, бидејќи тогаш во земјава се слеале 506 милиони евра, една година подоцна во Македонија се прибрале околу 400 милиони евра.

Очекувањата на Владата се дека во текот на оваа година, странските инвестиции, ќе надминат 300 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.