Над 260 имигранти спасени во Егејско Море

Повеќе од 266 имигранти биле спасени во источниот дел на Егејското Море при операција на грчката крајбрежна стража.

Имигрантите биле откриени во реонот на четири грчки острови – Агатониси, Кос, Хиос и Лезбос. Тие дошле од турскиот брег, а до островите пристигнале со гумени моторни чамци.

Еден од чамците пукнал и имигрантите кои се наоѓале во него паднале во морето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.