четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Над 3.000 плацови и 3.000 станови за владините проекти на Саемот за градежништво

zashtedi-pari-kukja-2

Поврзани вести

На претстојниот Саем за градежништво и недвижности што ќе се одржи од 1 март на Скопски саем ќе бидат понудени Над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Понуда ќе има од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски вели дека оваа Општина конкретно има еден проект што е во завршна фаза на реализација и е  во контекстот на сега актуелниот „Купи куќа за млади“, за кој има и голем интерес.

Станува збор за населбата Јака која што се простира на 32 хектари површина и опфаќа 500 градежни парцели за изградба на семејни куќи. Парцелите се со просечни површини од 400 до 500 метри квадратни и овој проект е веќе кон крајот при што останаа уште десеттина парцели за отуѓувањ, рече Стојановски.

Информира дека минатата година во општина Илинден се издадени околу 200 одобренија за градење и оти и за останатите има исто така одобрение за градење кои веќе како инвеститори се подготвени да  учествуваат во проектот „Купи куќа за млади“.

Над 3.000 плацови и 3.000 станови за владините проекти на Саемот за градежништво

Над 3.000 плацови и 3.000 станови за владините проекти на Саемот за градежништво

За да се учествува во проектот потребно е одобрение за градење, а Стојановски истакнува дека како локална самоуправа овозможиле бесплатни четири типови на куќи што ги нудат на инвеститорите со цел да ги намалат давачките. Со ова, како што истакнува, се заштедуваат околу илјада евра по проект и дополнително се забрзува постапката за издавање одобрение за градење.

Во Општина Илинден…

Најчитани вести