Над 3.000 војници ќе го чуваат светскиот „крем“ во Давос

Судирите во Сирија, климатските промени, економското заздравување, се’ поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните, како и кризата во Украина ќе бидат главни теми на Светскиот економски форум (ВЕФ), најексклузивниот светски самит, кој утре започнува во швајцарски Давос.

Ова 44-то издание на форумот во тоа швајцарско гратче на Алпите, ќе трае до 25-ти овој месец и традиционално ќе ги собере водечките лица од светот на политиката и бизнисот. ВЕФ оваа година се одржува истовремено со преговорите на другиот крај на Швајцарија, каде што главната цел е да се најде решение за судирите во Сирија во рамки на конференцијата Женева 2.

Во Давос, европскиот град кој што се наоѓа на најголема надморска висина, се очекува да пристигнат над 40 шефови на влади, меѓу кои се австрискиот премиер Тони Абот, кој претседава со самитот Г20, бразилската претседателка Дилма Русеф, британскиот и јапонскиот премиер, Дејвид Камерон и Шизно Абе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.