понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 14

Над 3,3 милиони Британци потпишаа онлајн петиција за нов референдум

Повеќе од 3,3 милиони Британци до синоќа ја потпишаа онлајн петицијата со која се бара одржување на нов референдум за британското членство во ЕУ, пренесе МИА.

Петицијата досега ја потпишаа повеќе од три милиони луѓе.

Поврзани вести

Повеќе од 3,3 милиони Британци до синоќа ја потпишаа онлајн петицијата со која се бара одржување на нов референдум за британското членство во ЕУ, пренесе МИА.

Ние, долупотпишаните, бараме од Владата да го спроведе правилото, според кое, ако бројот на гласачите „за“ или „против“ (членството во ЕУ) е помал од 50 отсто, а излезноста е под 75 отсто, тогаш треба да се организира нов референдум, се наведува во текстот на петицијата.

Меѓу имињата имало и 77.000 лажни потписи кои биле отстранети.

Луѓето кои додаваат лажни потписи на петицијата треба да знаат дека ги поткопуваат работите за кои се заложуваат, напиша на Твитер пратеничката Хелен Џонс, која претседава со парламентарниот одбор за петиција.

Таа истакна дека одборот ќе ја разгледа петицијата следната недела и ќе одлучи дали ќе се одржи расправа.

Според британскиот закон, за разгледување на петиција во Парламентот се неопходни 100.000 потписи, така што пратениците можат да го разгледаат барањето уште оваа недела. Сепак разгледувањето не го обврзува Парламентот за распишување референдум, ниту на некоја друга одлука, и во ниту еден случај не може да го доведе во прашање резултатот од гласањето на 23 јуни.

Петицијата е всушност одраз на длабоки поделби во земјата, кои јасно се покажаа на референдумот. Младите и образовани луѓе главно се за останување во ЕУ, додека повозрасните гласачи се изјаснија за напуштање на Унијата. Поделбите се очевидни и во географски поглед, бидејќи за останок се Шкотска, Северна Ирска и Лондон, наспроти северниот дел на Англија и руралните подрачја кои гласале за излез од ЕУ.

Најчитани вести