Свет

Над 30 лица загинаа од отровен алкохолен пијалок

Над 30 лица загинаа од отровен алкохолен пијалок
Незаконска продажба на алкохол во скопски локали

Над 30 лица загинаа, а десетици се хоспитализирани откако пиеле отровен алкохолен пијалок во сиромашен дел на индискиот град Мумбаи, соопшти денес локалната полиција.

Командирот на полицијата Правин Стапал изјави дека бројот на жртвите денес се искачи на 33, еден ден откако жителите на сиромашниот дел на Мумбаи пиеле отровен алкохолен пијалок, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АФП.

Сатпал навел дека најмалку 18 лица загинале само неколку часа откако го консумирале отровниот алкохол, а дека останатите починале утринава, додека повеќе од 20 лица се задржани на лекување во болница.

Полицијата уапсила еден маж кој е обвинет за илегално производство и продажба на отровен алкохолен пијалок за сиромашните работници.

Бројот на смртни случаи од таков алкохол е зачестен во Индија затоа што сиромашните луѓе неможат да си дозволат лиценциран алкохол, а таквото илегално производство често вклучува додаток на хемикалии како што се пестицидите за да им се засили јачината.