Над 30 лица загинаа во експлозија во предградие на Багдад

Над 30 лица загинаа и уште неколку десетици се ранети во експлозијата во едно источно предградие на Багдад, информира денеска ирачката телевизија „Ас Сумарија“, цитирана од ТАСС.

Според податоци на локалната полиција, во предградието Мадинат Садр загинале најмалку 32 лица и уште најмалку 25 се ранети, информира телевизијата.

Има сведоци дека на локалниот пазар, каде наутро се собираат особено многу луѓе, експлодирал автомобил-бомба.

Бројот на жртвите може да се зголеми, предупреди полицијата.