Над 300 мигранти ослободени од прифатни центри во Грција

Над 300 имигранти биле ослободени од различни прифатни центри во Грција во рамки на напорите на Владата да ги затвори тие објекти поради критиките за условите за живот во нив, објави Катимерини, пишуа МИА.

До вчера биле ослободени вкупно 315 имигранти од шест центри меѓу кои и 17 малолетни лица без придружник, кои биле префрлени во приемен центар во градот Волос во централна Грција.

Според официјалните податоци, 110 луѓе биле ослободени од центарот во Амигдалеза, 15 од Ксанти, 41 од Паранести и 17 од Еврос. Други 128 луѓе се пуштени од центарот во Коринт на Пелопонез, петммина од Елинико, јужно од Атина.

Според властите, процесот ќе продолжи додека повеќето прифатни центри не бидат затворени. Имигрантите кои се осомничени за криминал, нема да бидат ослободени.