Македонија

Над 300 милиони евра заштеди во задолжителниот пензиски фонд

Над 300 милиони евра заштеди во задолжителниот пензиски фонд
ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери

Заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го надминаа износот од 300 милиони евра.

Со ова, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, стана првото пензиско друштво во Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 300 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.

Во текот на досегашното успешно работење, од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, вклучени се повеќе од 196.000 членови и времено распределени лица , чиишто средства заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.

Реформата на пензискиот систем, поддржана од сите политички субјекти, претставува сериозна и сложена активност, но и континуиран процес на подобрување на системот и треба да придонесе за доброто на сите граѓани. Во 2002 година беше донесен Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување – ЗЗКФПО со што започна реформата на пензискиот систем во Македонија. Во 2005 година друштвата за управување со пензиски фондови започнаа со работа, а во 2009 година, како резултат на претходни анализи и законски измени пред се од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и НБРМ се создаде можност за трансфер на улогата на Банка чувар на средствата на задолжителните пензиски фондови од НБРМ на деловните банки. Во 2009 година започнаа со работа и доброволните пензиски фондови, со што и официјално беше имплементиран третиот пензиски столб во Република Македонија. Во 2012 година беше донесен и Закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување .

Успешната имплементација на реформата на пензискот систем во Република Македонија може да се согледа не само преку вкупните средства на задолжителните и доброволните пензиски заштеди (фондови), туку и преку бројот на членови во задолжителните и доброволните пензиски фондови чиишто средства ги сочинуваат фондовите.

Заклучно со 31.1.2015 година, нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваа од 553,28 милиони евра од кои 296,87 милиони евра во Задолжителниот пензиски фонд управуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Износот од 300 милиони евра беше достигнат и надминат на 10.2.2015 година . Заклучно со 31.1.2015 година, во задолжителните пензиски фондови членуваа 375.323 членови и времено распределени лица од кои 196.452 во Задолжителниот фонд управуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Во доброволните пензиски фондови, заклучно со наведениот датум членуваа вкупно 20.458 лица од кои 12.733 лица во Доброволниот пензиски фонд упрвуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.