Над 300 мртви во експлозијата во Могадишу (ВИДЕО)

© REUTERS/Feisal Omar

Бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад изведен во саботата со камион-бомба во централниот кварт на сомалиската престолнина Могадишу се искачи на повеќе од 300, пренесува во понеделникот агенцијата Reuters цитирајќи го шефот на градската служба за брза помош, Абдикадир Абдирахман.

„Можеме да потврдиме дека како резултат од експлозијата загинаа повеќе од 300 луѓе“, изјавил Абдирахман, додавајќи дека оваа бројка може да расте, бидејќи во моментов покрај стотиците ранети од кои многи се во критична состојба, има и лица кои се водат како исчезнати.

Претходноти податоци од понеделникот утрото говореа за 276 загинати и 275 повредени.

Камионот натоварен со екслозив беше кренат во водух во саботата на фреквентна раскрсница во близина на хотел во квартот Хоан во Могадишу.

Досега ниедна група не ја презема одговорноста за овој напад. Меѓутоа, сомалиските власти ја обвинија радикалната исламистичка група Ал Шабаб, која води вооружен судир со владата во Могадишу и е одговорна за десетици слични смртоносни напади во Сомалија

Сомалиската исламистичка групација ал-Шабаб често изведува вакви напади во главниот град Могадишу, иако засега никој од оваа група не ја презема одговорноста за саботниот напад. Ал Шабаб се бори за соборување на владата која ја подржува Западот и сака да ја наметне својата строга интерпретација на исламот.

Радикалната исламистичка група Ал Шабаб (Движење на младите муџахедини) одржува тесни врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на која ѝ изрази лојалност во 2012 година, поради што нејзините челници минатата 2016 година беа цел на операции на американските командоси, а во Сомалија е активна од 2006 година.

Ал-Шабаб се смета за хетерогена организација којашто обединува голем број фракции, поделени по идеолошка и клановска основа. И покрај тоа, според експертите, таа останува силна групација и претставува сериозна безбедносна закана. Изминатите шест години Ал Шабаб се бори против централните сомалиски власти и ги попречува хуманитарните активности на ОН во земјата.

Сомалија се уште се бори со исламистичкиот бунт, истовремено обидувајќи се да се изгради по повеќе од две децении судири и хаос кои ја уништија земјата.

Сомалија престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада, која го контролира Могадишу и неколку околни области. Останатите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени самопрогласени територии. Делови од јужна и северно-источна Сомалија се управувани од страна на локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со Ал Каеда. Територија на север и северозападниот дел од Сомалија е под контрола на непризнаената Република Сомалија.

Официјалните сомалиски власти немаат контрола врз ситуацијата во земјата. Пет илјади припадници на мировните сили Африканската унија, исто така, не можат да ја земат контролата врз безбедносната ситуација и под контрола имаа само неколку клучни стратешки локации во Могадишу. Во насилството во Сомалија од 2007 година, според статистиката на Обединетите нации, загинале повеќе од 20 илјади луѓе, а околу 1,5 милион се бегалци.