Свет

Над 300 спасувачи и пожарникари учествуваат во гаснење на пожарот кај Киев

Над 300 спасувачи и пожарникари учествуваат во гаснење на пожарот кај Киев

Над 300 спасувачи, 45 единици специјална техника и еден противпожарен воз учествуваат во гаснењето на пожарот, што во понеделникот избувна во магацин за гориво во близина на Киев, соопшти денеска украинската државна служба за вонредни ситуации, пренесува ТАСС.

Според соопштението на службата, местото на пожарот е затворено за пристап од 430 војници на националната гарда, со цел да се гарантира безбедноста на населението.

Во пожарот во базата на украинската компанија „БРСМ-Нафта“ загинаа четири лица, еден се води за исчезнат, а други 13 лица се повредени. Обвинителството формира случај за покренување на кривично дело за пожарот.