Над 300 Украинци се во заробеништво во Донбас

Околу 300 Украинци се наоѓаат во заробеништво на сепаратистите во Донбас, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на Јуриј Тандит, раководител на центарот за соработка за ослободување на заробеници и заложници при Службата за безбедност на Украина, пренесе МИА.

– Велиме околу 300, но се надеваме дека се повеќе, бидејќи има и голем број лица кои се сметаат за исчезнати, по кои исто така трагаме, рече Тандит.