Над 320.000 загинати од почетокот на бунтот во Сирија

Сириската армија навлезе во Рака, бастионот на ИД
Сириската армија навлезе во Рака, бастионот на ИД

Над 320 илјади лица, меѓу кои 11.500 деца го загубиле животот од почетокот на судирите во Сирија пред четири години, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Има загинати 69.494 цивили, од кои 11.493 деца. Организацијата тврди дека има и 90.000 загинати лица за кои немаат податоци од каде се.

На страната на владините сили Сириската опсерваторија за човекови права регистрира 49.106 мртви војници, 32.533 полицајци од Силите за национална одбрана, 838 припадници на либански шиитски Хезболах и 3.093 шиитски милиции од други држави.

Непозната е судбината на 30.000 исчезнати во режимските затвори или при киднапирање од страна на Исламската држава.