Македонија

Над 3500 мигранти за 24 часа поминаа низ Македонија

Над 3500 мигранти за 24 часа поминаа низ Македонија

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.506 странски државјани, од кои, 1.836  се од машки пол, 649  се од женски, 768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 253 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-2.040, Авганистан –837, Ирак-347, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 22.10.2015 година во 08:00 часот, издадени се потврди на вкупно 165.197 странски државјани, од кои, 104.548 се од машки пол, 23.162 се од женски, 30.508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.979 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-112.381, потоа Авганистан-28.213, Ирак-12.625, Пакистан-3.850, Иран-2.081, Палестина-1.564, Сомалија-869, Бангладеж-853, Конго-457, Нигерија-250, Камерун-220,  Еритреја-204, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 21.10.2015 до 22.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21.10.2015 година евидентирани се вкупно 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 2 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и еден  маж )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.