Над 415.000 лица побегнале од источна Украина

Најмалку 415.800 луѓе го напуштиле својот дом поради судирите во источна Украина, соопшти УНХЦР.

Според најновите податоци, Агенцијата на ОН за бегалци проценува дека 190.000 се раселени во Украина, додека 197.400 пребегале во Русија.

Во Полска се стационирани 14.600 луѓе додека во Белорусија се 13.883 луѓе од истокот на Украина, наведува УНХЦР.