Над 450 капацитети за браунфилд инвестиции на располагање на бизнис заедницата

Владата преку Агенцијата за странски инвестиции овозможува непосреден увид во поранешни стопански капацитети кои може да бидат од корист на бизнис заедницата во функција на нивно рестартирање или пак започнување на нов или пак проширување на постоечкиот бизнис во нови капацитети.

Nа специјализираната интернет страница http://www.brownfields.investinmacedonia.com/index.php/list секој заинтересиран субјект, физичко или правно лице, непосредно и на ефикасен начин може да се запознае со потенцијалите кои може да бидат искористени во бизнис цели.

На оваа интернет страница може да се најдат стотици капацитети во кои во минатото се одвивала стопанска активност од најразличен вид. Тие капацитети може да бидат искористени од страна на бизнис субјектите како објекти во кои ќе го лоцираат нивниот бизнис и ќе остваруваат стопанска активност од област на произвиодството.

Покрај овие објекти на интернет страната може да се забележат и туристички комплекси кои порано биле функционални а денес не се во функција, но кои со определена инвестиција може да се рестартираат заради тоа што во нив се предвидени сите потребни содржини за одвивање на туристичка дејност.

Трет сегмент кој може да се забележи, покрај стопанските и туристичките капацитети, се и земјиштата кои се изложени, односно поставени на интеренет страната и кои може да се користат за земјоделско производство.

Како што може да се види од веб страната дел од овие капацитети, објекти, комплекси и земјишта се наменети за продажба односно сегашниот сопственик има идеја да ги отуѓи на нов сопственик, а дел од нив се наменети и за закуп.

Иако се води од страна на Агенцијата за странски инвестиции, овие понудени содржини, може да бидат искористени како од страна на потенцијалните странски инвеститори така и од страна на домашната бизнис заедница. И во двата случаи, заинтересираните бизнис субјекти може да побараат логистичка помош од Агенцијата која може да им организира и непосредна посета на терен на определен број на капацитети за кои тие имаат интерес, како и да помогне со совети, и дополнителни информации.

Субјектите може да остварат и директен контакт со сопствениците на објектите, и без учество на Агенцијата, а на веб страната стојат контакт информации и податоци за остварување на комуникација со сегашниот сопствени на објектот.

Може да се бараат податоци за потенцијални капацитети по региони, и градови, големина на објектот, цена, број на посебни објекти (хали) во рамки на еден комплекс на објекти, точни податоци за географската лоцираност и околина на посочениот објект, и останати податоци кои претставуваат детали на содржината.

На оваа страна може и секој заинтересиран субјект кој има објект кој што сака да го продаде или пак даде под закуп, има можност да ја објави и сподели својата понуда, со прикачување на податоци за истата, и со тоа да го зголеми опфатот на информираност за неговата интенција, особено заради фактот што оваа страна е посетувана во голем дел од потенцијалните странски инвеститори.