понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 85

Над 5.000 вработувања во ТИРЗ до крајот на годината

Директорот Виктор Мизо очекува следната година вработувањата да се случуваат и со поголема динамика бидејќи ќе финишира изградбата на погоните и инвестициите кои досега се најавени.

Во ТИРЗ до крајот на годината над 5.000 вработувања

Во ТИРЗ до крајот на годината над 5.000 вработувања

Поврзани вести

Над 5000 луѓе ќе работат во технолошко индустриските зони до крајот на годината, според плановите кои компаниите инвеститори ги соопштиле во дирекцијата, пишува Економски.мк.

Директорот Виктор Мизо очекува следната година вработувањата да се случуваат и со поголема динамика бидејќи ќе финишира изградбата на погоните и инвестициите кои досега се најавени.

– Некои од компаниите само што го завршуават целиот инвестициски циклус што значи дека поголемио број вработувања ќе отпочнат следната година. Од таа гледна точка очекувам дополнителен, голем бран на вработувања. Спроед некои проценки таа бројка ќе биде над 1.500 работни места кои може сега да се потврдат, но врз основа на други објави кои ги очекуваме , како и објави кои веќе се соопштија неделава таа бројка може да има пораст, вели Мизо.

Динамиката на вработувањата најмногу зависи од побарувачката на глобалните пазари, во автоиндустријата, електрониката и другите дејности на фабриките во зоните.

Во првите 10 месеци извозот надминал 1,2 милијарди евра, што е повеќе од сумата за целата ланска година.

– Но, не е само апсолутната вредност на извозот важна, туку и разликата меѓу увозот и извозот. Ако минатата година имавме 140 милиони евра додадена вредност или разлика меѓу тие два параметри, оваа година таа бројка е веќе за првите 10 месеци од годината за 50% поголема. Бидејќи само во октомври имаше 130 милиони евра извоз и јас сум оптимист дека до крај на годината ќе надминеме 1,4 милијарди евра извоз, а додадената вредност ќе надмине 200 милиони евра директна контрибуција во брутодомашниот производ, вели Мизо

Според ТИРЗ, домашните компании ја зголемуваат сорабоктата со фабриките во зоните и тоа како добавувачи на репроматеријали, кетеринг, осигурвање, логистички услуги, но и се повеќе во сервисирање на машините, како и изработка на алати, опрема и компоненти за производите кои се прават.

Најчитани вести