вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

Над 50 машини на терен го собираат ѓубрето од поплавените места

Отворена е и една нова мини депонија со цел да се забрза транспортот на ѓубрето што се чисти од поплавените подрачја.

pesevski-1-360x200

Поврзани вести

Имаме најголем прогрес досега. Сите институции се на ниво на задачата. Направивме значителни подобрувања во сите сегменти, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој е еден од координаторите на активностите за санирање на штетите од саботното невреме во скопско.

– Започнавме со промена на режимот на сообраќајот со што се растерети транспортот низ главната артерија која поминува низ овој регион, односно патот Синѓелиќ – Стајковци. Со тоа се зголеми капацитетот на изнесување на материјалот. Го зголемивме многукратно и машинскиот капацитет така што над 50 машини се на терен, работат и го собираат ѓубрето. Онаму кадешто има измени во инфраструктурата, каде се направени дупки, тие се пополнуваат, изјави Пешевски, кој беше во поплавените места.

Тој нагласи дека од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се пронајдени и отстранети над 100 угинати животни со цел да се спречат евентуални зарази, додека припадниците на Армијата заедно со екипите на Црвениот крст продолжуваат со испораката на пакетите со храна и вода до секој дом.

– Моја проценка е дека со пумпите е завршено над 70 проценти од работата, односно над 70 проценти од домовите ја имаат извадено водата. Има сеуште кал во нив, но тоа се вади со помош на огромниот број волонтери и луѓе кои ги ангажираше општината. Само на делот во Синѓелиќ, Камник и Економија имаше над 500 волонтери и вработени од општината кои на терен им помагаа на граѓаните, рече Пешевски.

Тој напомена дека е отворена  и една нова мини депонија со цел да се забрза транспортот на ѓубрето што се чисти од поплавените подрачја.

Најчитани вести