Над 520 семејства го решија станбеното прашање преку „Купи куќа купи стан“

Владиниот проект „Купи куќа купи стан“, кој стартуваше кон крајот на 2012 година и е наменет за  семејствата со средни и ниски примања, предизвикува се’ поголем интерес. Досега Министерството за финансии додели 524 решенија, а најголем дел од нив се за станови во Скопје.

-Купи куќа, купи стан  досега има помогнато на 524 семејства да го решат станбеното прашање. Од нив 363 се од Скопје, а161 од другите градови. Преку проектот се купени 468 станови и 5 куќи. Увидовме гое потенцијал во другите градови низ земјава бидејќи таму е поевтин и квадратниот метар на станбената површина и плацевите. Затоа од неделава во Охрид  го стартуваме караванот „Купи куќа, купи стан“, со презентација на условите на проектот и бенефитите кои ги нуди, велат од Министерството за финансии.

Канцеларијата која е отворена во склоп на министертсвото,  функционира и како посредник помеѓу  граѓаните и банките кои се вклучени во проектов, а располага и со информации на кои локации има слободни станови за продажба, но и со други податоци кои би им помогнале на заинтересираните да донесат одлука.

Со субвениите кои ги обезбедува државата при купување на становите од проектот „Купи куќа, купи стан“, може да се заштеди и до 14 илјади евра. Каматата за првите три години изнесува 3,95%, а за четвртата и петтата 4,44%. Државата обезбедува неповратни средства и нуди два модела: субвенционирање на половина рата или на половина учеството при купување стан или куќа.

На пример, за кредит од 50 илјади евра, месечната рата во првите три години е 302 евра, од кои 151 евро плаќаат граѓаните, а другата половина државата. Во четвртата и петтата година ратата изнесува 313 евра, сума што повторно, се дели на два. Ако се решите да купите куќа, поволностите се уште поголеми, бидејќи државата ќе ви покрие 75% од висината на ратата. На оние кои ќе се решат за вториот модел, за субвенционирано учество, државата ќе им покрие 75% од учеството. На пример, за кредит од 50.000 евра, со дозволено учество од 12.500 евра, државата за стан ќе даде 6.250 евра, а за куќа 9.375 евра.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов поради големата заинтересираност за проектот „Купи куќа, купи стан“ најави изградба на нови три згради од кои едниот објект ќе се наоѓа во централното градско подрачје, додека другите два објекти ќе се градат во општината Карпош.

Заинтересираните граѓани и во текот на целата 2015 година можат да ги достават своите апликации за станбен кредит преку овој проект до некоја од експозитурите на осум македонски банки: НЛБ Тутунска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит, Стопанска – Скопје и Стопанска – Битола.


Продадени 60-тина станови во Адора инженеринг со „Купи куќа, купи стан“

Novo Lisice mart 2015, Skopje

 

Во „Адора инженеринг“ досега се продадени 60-тина станови со државните субвенции, преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. Најголем број од продадените станови се во модерната урбана општина Аеродром во Скопје, а со проектот е опфатен и атрактивниот објект Билјанини Извори во туристичкиот центар Охрид.

Од компанијата информираат дека најчесто се продаваат становите со површина од 50 и 60 м².

„Голем е интересот и јавувањата на граѓаните за купување стан од потврдениот  градежен бренд Адора инженеринг преку проектот „Купи куќа, купи стан“, особено по олеснувањето на условите и постапката, што го зголеми бројот на апликантите и одобрените кредити, а големиот интерес се потврди и на двата вакви саеми минатата година во Скопје. Ова е ретка можност под исклучително поволни услови, граѓаните со различен економски и социјален статус, со купување докажано сигурен, долгорочно економичен енергетски ефикасен дом А-класа, со европски квалитет, да го решат животното станбено прашање на најдобар начин за себе и идните поколенија. Адора инженеринг од почетокот и натаму, во целост го поддржува проектот „Купи куќа, купи стан“ кој го зголеми прометот во високоградбата и го раздвижи пазарот на недвижностите, од што позитивни придобивки имаат инвеститорите, градежните компании и сите субјекти поврзани со градежниот сектор, државата и најмногу купувачите, односно граѓаните“, вели генералниот директор на „Адора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец.

Biljanini izvori-Ohrid za web