Над 6.000 бегалци транзитирале низ Македонија за еден ден

Над 4 илјади бегалци со седум специјални возови во текот на изминатото деноноќие биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово пак кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија.

Според проценките на УНХЦР и невладините организации кои се вклучени во справувањето со бегалската криза, бројот на бегалци кои што вчера транзитирале низ нашава земја е многу поголем, односно повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера активни во превозот на бегалци беа уште автобусите и такси возилата.

Утрово автобусите и такси возилата сообраќаат помалку од причина што денес напливот на бегалци кои во земјава доаѓаат преку Грција засега е многу послаб. Во секој случај тие се паркирани кај мостот на Сува река и околните улици и се подготвени во секој момент, доколку се укаже потреба, да се вклучат во превозот на бегалци.

Унгарија ја затвора границата за бегалци

Унгарија од утре целосно ќе ги затвори своите граници за бегалци, а премиерот Виктор Орбан се заканува дека секој кој, сепак, ќе успее да влезе во неговата земја ќе го врати во Србија, пренесе МИА.

migranti3Како што пренесуваат српските медиуми, за таа цел во местото Реске, на границата меѓу Унгарија и Србија, распоредени се 4.300 унгарски војници вооружени со автомати, кои дури добиле и дозвола да пукаат доколку мигрантите на некој начин ги загрозат.

Србија и сите земји на овој „бегалски пат“ низ Балканот оваа есен и зима ги чека драма бидејќи во ЕУ проценуваат дека следните месеци дури 500.000 мигранти ќе се обидат да влезат во Унијата!

На границата меѓу Унгарија и Србија, распоредени се 4.300 унгарски војници вооружени со автомати, кои дури добиле и дозвола да пукаат доколку мигрантите на некој начин ги загрозат.

Од границата со Унгарија, пристигнуваат вести дека бројот на мигранти се зголемува бидејќи тие сакаат да ја минат шенгенската граница пред 15 септември, за кога Унгарија го закажа целосното затворање на границата за бегалците.

Белградскиот весник „Блиц“ ги праша српските министри што Србија ќе направи кога Орбан ќе ја затвори границата и ќе почне да ги враќа бегалците.

Србија и натаму ќе биде добар домаќин, кон бегалците ќе се однесува хумано, во согласност со европските вредности и меѓународните закони. Доколку нивното движење дополнително биде отежнато, можно е да се промени правецот или да се најдат некои други начини за тие да пристигнат до својата крајна дестинација. Тие луѓе немаат веќе што да загубат, за „Блиц“ изјави министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Српското МВР истакува дека и натаму интензивно работи на евиденцијата и регистрацијата на сите лица кои влегуваат и излегуваат од земјата.

Ако Орбан мисли да ги враќа бегалците, тоа ќе биде невозможно бидејќи само 500 од нив побараа азил кај нас. Сите сакаат во западна Европа и никој не ќе може да ги запре, јасен е шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Министерот за социјална политика Александар Вулин потврдува дека се очекува поголем прилив од бегелци.

Заради тоа на северот од земјата бараме соодветен привремен капацитет, каде мигрантите ќе можат да се засолнат од зимата. Исто така, се зголемуваат и капацитетите во Прешево, додека меѓу Миратовац и Прешево е обезбеден превоз со воз за на овие луѓе да им се овозможи побрзо минување, објаснува Вулин.

Тој потенцира дека Србија нема да гради трајни објекти за згрижување на бегалците.