Над 6.000 лица се приклучиле кон Исламска држава во Сирија

Повеќе од 6 илјади нови борци минатиот месец се приклучиле кон Исламска држава, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

– Радикалната група, која контролира територии во Сирија и во Ирак, досега имаше околу 15.000 борци, изјави Рами Абдел Рахман од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Тој наведе дека илјада од новите борци се странци, а другите се Сиријци.