Над 60 илјади бегалци влегле во Македонија

На влез во Македонија кај Гевгелија и понатаму пристигнуваат бегалци, најмногу од Сирија. Од јуни годинава се издадени потврди за намера за азил на вкупно 60.421 странски државјани.

Од вчера изутрина од 8:00 часот до денеска во исто време полицијата издала потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.462 бегалци, од кои 889 мажи, 224 жени, 271 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.253, Ирак-85, Авганистан – 81, Пакистан-23, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 5 септември оваа година се издадени потврди на вкупно 60.421 странски државјанин, од кои, 41.207 се од машки пол, 8.271 се од женски, 9.548 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.395 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-49.182, потоа Авганистан-3.411, Ирак-2.751, Пакистан-1.741 Палестина-730, Сомалија-571, Бангладеш-428, Конго-323, Нигерија-203, Камерун-160 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 5 септември до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.