Над 60 милиони евра заработка во туризмот во првите четири месеци

Во првите четири месеци од оваа година заработката во туризмот е 60 милиони и 400 илјади евра, што е 4 отсто повеќе од истиот период лан. Во првите пет месеци има и 11 процентно зголемување на бројот на туристи, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на струшкиот регион.

Тоа, според него, претставува показател дека и оваа година ќе има значателен пораст на туризмот што е резултат на многу вложен труд во минатото, но и во текот на оваа година.

– Тоа е показател дека и годинава ќе има значителен пораст на туризмот. Десет години по ред секоја година имаме раст на туризмот од најмалку 10 отсто, а во некои дури и 15 проценти. И според првите пет месеци јануари-мај кои не беа сезона очигледно е дека ќе имаме раст на туризмот што ќе биде добро за целата туристичка индустирја која вработува многу луѓе и многу компании и семејства, живеат од тоа, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

gruevski nikola

Во однос на летовите од Охридскиот аеродром во првите шест месеци има пораст на туристи за 83 отсто во однос на минатата година што е многу сериозно зголемување на бројот на странски туристи кои престојуваат во Охрид, Струга, Вевчани, но и во целиот регион.

Според него, мерките што Владата ги презема, а ги има многу даваат  сериозни резултати. – Преземавме мерки со кои дадовме субвенции на авионските компании за да се остварат поголем број летови кон Република Македонија. Во моментов Македонија има поврзување со 35 дестинации, а пред нашето доаѓање бројката беше можеби за половина или повеќе од половина помала, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека со многу ангажман, субвеници и разговор со компаниите се отворија 35 линии кои во моментов оперираат на релација Македонија со други градови и држави.

gruevski n

– Преку  субвениците се помогна и турооператорите да носат странски туристи. Со тие субвенции за турооператорите кои носат туристи во Македонија драстично се зголеми бројот на странски туристи и се вратија и се надминаа времињата кога во земјава имало многу странски туристи, оцени Груевски.

Владата, посочи тој инвестираше многу и во инфраструктурата, но и во понудата за туристите, преку изградба на различни објекти како музеи и други содржини.

– Изминатите години Владата беше фокусирана во развој на туризмот  и резултатите не се случајни, подвлече Груевски.

Како пример  посочи дека  рекламите во светските медиуми даваат резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.