Над 600 Французи и се приклучиле на Исламска држава

Повеќе од 600 лица ја напуштиле Франција и заминале во Сирија и Ирак, а уште околу 800 исто така планираат да заминат и да станат дел од групата Исламска држава (ИД), изјави францускиот премиер Мануел Валс.

– Секој ден разбиваме мрежи, локализираме ограноци, апсиме луѓе. Денес 2.029 француски државјани или луѓе кои живеат во Франција се вмешани во џихадистички групи. Разузнавачките служби откриле дека околу 800 лица би сакале да заминат во Сирија и Ирак, истакна Валс, додавајќи дека околу илјада лица се под постојано набљудување.

Француските правосудни власти вчера покренаа обвинение против 28-годишниот Јусеф Е., кој е уапсен пред неколку дена заедно со други исламисти, под сомнеж дека планирале да извршат терористички напад во Франција.