Над 600 Косовци вратени од земјите на ЕУ

Во периодот на месец јануари на Косово од земјите на ЕУ биле вратени 618 Косовци кои барале егзил, пренесува агенцијата Бета.

Од нив, 337 лица биле приморани да се вратат а 281 се вратиле доброволно.

Бројот на азиланти од Косово кои што биле приморани да се вратат е поголем од оние што се одлучиле тоа да го направат доброволно. Министерството за внатрешни работи на Косово потврди дека во јануари било приморано да врати 337 лица, а дека 281 лице се вратиле доброволно.

Германија, австрија и Швајцарија се земјите од каде државјаните на Косово најчесто се враќаат.

Од друга страна, во последните шест месеци преку Унгарија на Косово се враќаат имигрантите од Шведска, Германија, Австрија и воглавно се работи за мигранти од Урошевац, Вучитрн, Подујево и Призрен.

Фото: BETA

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.