Македонија

Над 62 илјади странски туристи во првиот квартал

Над 62 илјади странски туристи во првиот квартал

62.171 странски туристи ја посетиле Македонија во првите три месеци од годинава. Најбројни биле од Србија, Грција, Турција, Бугарија и од Албанија.

Податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал покажуваат зголемување на странските туристи за 9,6 отсто.

Во овој период бројот на домашните туристи изнесува 36.538 и има намалување за 8,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на странските туристи во овие три месеци има зголемување за 9,6 осто, а кај домашните туристи намалување за 12,4 отсто

Во март вкупниот број туристи изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150.  Бројот на домашните туристи во однос на март лани е намален за 13,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8 проценти.