Над 7.000 мигранти пристигнале на Лезбос за три дена

Повеќе од седум илјади мигранти изминативе три дена пристигнале на грчкиот остров Лезбос.

Поголемиот дел од новодојдените мигранти користејќи го убавото време на островот пристигнале со чамци.

Од понеделникот вечерта до средата вечерта до бреговите на островот пристигнале над седум илјади мигранти.

Според правилата, кои се во сила на островот, бегалците од Сирија се испраќаат во кампот Кара Тале, кој се наоѓа на три километри северно од главниот град на островот, Митилини. Останатите мигранти се испраќаат во другиот камп во Морија.