Над 70 компании се претставија на Саемот за вработување во Охрид

Денес, во градот Охрид, беше одржан четвртиот Саем за вработување, дел од караванот за  саемски претставувања наменети за граѓаните кои активно бараат работно место. Вториот по големина саем, по оној оддржан во Скопје во СЦ „БорисТрајковски”, беше домаќин на повеќе од 70 компании од регионот, но и целата Република, кои пред Охриѓани ги претставија условите за работа, како и потребата од работен кадар.

saem_ohridd (2)

– Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд,  со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд”, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

Голем број граѓани го посетија Саемот, кои го потенцираа задоволството од одржувањето на Саемот за вработување, како и понудата која компаниите ја претставија пред граѓаните.

saem_ohridd (3)

-На саемот беа присутни компании од целата Република, но уште позначајно за мене беше присуството на локални компании. Се запознав со понудата на истите, бидејќи би сакал по завршувањето на образованието, да најдам работа во сопствената струка и во мојот град. Оставив резимеа кај неколку компании, кои верувам дека би биле одлична можност за моја професионална надоградба, па се надевам дека, иако сум сеуште студент, ќе успеам да импресионирам некоја од нив”, изјави Филип Р., студент наУниверзтитет „Св. Климент Охридски”.

Агенцијата за Вработување на Република Македонија продолжува со организација на Саемите за вработување, кој следната недела продолжува во Струмица.