Над 70 повредени на Маршот на независноста во Варшава

Педесет и еден полицаец и дваесет и четири демонстранти беа повредени во Варшава во нередите за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења.

На вчерашниот марш на Денот на независноста на Полска, агресивни млади луѓе фрлаа врз полицијата молотови коктели, камења и шишиња со запаллива смеса.

Органите на редот употребија водени топови, солзавец и гумени куршуми.

Полицијата приведе 276 лица и во потрага е по други лица кои го нарушија редот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.