Над 70 Срби се против членство во ЕУ и НАТО

Дури 71,6 проценти од испитаниците оцениле дека за Србија не е добро да стане членка на Европска унија и на НАТО, додека над 55 отсто од анкетираните изјавиле дека Србија треба да се држи до Русија, покажува истражувањето на Б92 и ЦеСИД.

Само 11,2 проценти од испитаниците изјавиле дека е добро за Србија да стане дел од ЕУ и од НАТО, а 14 отсто се неодлучни за тоа прашање, пренесува Танјуг.

Анкетата покажува дека во последните години забележан е раст на евроскептицизмот, но оти тоа е вообичаен тренд за земјите-кандидатки,

За разлика од тоа 55,2 отсто од испитаниците оцениле дека Србија традиционално треба да се држи до Русија, а поддршката за тоа постојано е во раст. Малку над 19 проценти од испитаниците не се согласуваат со тоа, додека 21,5 отсто се неодлучни.