Над 700.000 бегалци годинава пристигнале во Европа преку Медитеранот

Високиот комесаријат на ОН за бегалци денес соопшти дека над 700 илјади бегалци годинава пристигнале во Европа преку Средоземно Море, а над 3.210 загинале или исчезнале.

Од почетокот на годината 705.200 бегалци и мигранти го минале Средоземно Море, а 562.355 од нив пристигнале во Грција, додека 140. 000 во Италија, прецизира организацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.