Над 700 лица во Сирија ликвидирани од џихадистите

Припадници на исламистичката организација Исламска држава во последниве две недели во источниот дел на Сирија убиле околу 700 лица, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, ликвидираните лица, на кои во најголем број им биле отсечени главите, биле припадници на племето Ал Шејтаат. Од нив само околу сто бил членови на племенската вооружена формација, додека останатите биле цивили.

Сите убиени биле жители на неколку села во провинцијата Дејр ал Зур, која е под контрола на Исламската држава.

Водачот на племнето Ал Шејтаат, кое брои околу 70.000 лица, шеикот Рафа Акла ал Раџу објави видео порака во која ги повикува сите локални племоња да се здружат во борбата против џихадистите.

– Ги повикуваме другите племиња да застанат покрај нас, бидејќи тие се следните цели на Исламската држава, нагласи Раџу во пораката.