Над 71 илјади активни деловни субјекти во Македонија

Вкупно 71.290 активни деловни субјекти имало во текот на минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли со 25.429 субјекти или 35,7 отсто и Преработувачка индустрија со 7.918 субјекти или 11,1 отсто.

Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0,2 отсто и Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0,2 отсто.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека
најголемо учество од 85 отсто имаат деловните субјекти со од еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6,2 отсто, па субјектите од 10 до 19 вработени со 4,2 отсто, потоа субјектите од 20 до 49 вработени чие учество изнесува 2,5 отсто, со 1,8 отсто учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.