Над 800 тужби за нападите врз жени во Келн

Најголем дел од напаѓачите во Келн никогаш да бидат фатени
Најголем дел од напаѓачите во Келн никогаш да бидат фатени

Бројот на тужбите поднесени во полиција по нападите врз жени, кои се случија во Келн во текот на новогодишната ноќ, се зголеми на 809, а во половина од случаите станува збор за сексуални злоставувања, соопшти денеска претставник на локалното обвинителство.

Засега има 21 осомничен за сторените дела, од кои осуммина се наоѓаат во притвор.

Полицијата потврди дека бројот на поднесените тужби е помал од оној на жртвите, бидејќи многу жени поднесуваат колективни тужби.