Над 807 илјади Македонци користеле Интернет преку мобилен

Вкупно 807.810 претплатници имале пристаp на Интернет преку својот мобилен телефон во третиот квартал од минатата година, информираше денеска Владимир Ристевски од Агенцијата за електронски комуникации, презентирајќи го извештајот за развој на пазарот на електронски комуникации за третиот квартал од 2013-та година.

Статистиката покажува дека во истиот период во 2012-та година имало вкупно 619.075 претплатници, што значи пораст од над 188 илјади претплатници.

Ристевски нагласи дека употребата на мобилен Интернет бележи раст, но потребно да продолжи да се развива и понатаму.

Во третиот квартал бројот на претплатници кои што имаат пристап на Интернет со широк опсегна фиксна локација е 330.798, додека во претходниот квартал таа бројка е 324.310, а во однос на третиот квартал во 2012-та година 302.257.

Податоците за мобилната телефонија покажуваат дека најголем удел на пазарот има „Т-Мобиле“ со 57,77 отсто од пазарот, а потоа следи ОНЕ со 24,02 отсто, додека на трето место е ВИП со 18,21 отсто.

АЕК го анализираше и пазарниот удел на трите мобилни оператори во приходите остварени од обезбедување на мобилни услуги на малопродажниот пазар за третиот квартал, по што најголем удел односно 52,79 отсто му припаѓа на „Т-Мобиле“, потоа на второ место е „ВИП“ со 27,95 отсто, додека на трето место е уделот на „ОНЕ“ со 19,26 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.