Над 90 мртви во експлозија на камион бомба во Могадишу (ВИДЕО)

Повеќе од 90 луѓе загинале а уште 120 се ранети кога бомбаш самоубиец детонирал автомобил бомба на раскрсница во сомалиската престолнина Могадишу во саботата.

Полицискиот офицер Мохамед Дахир изјавил во неделата за агенцијата DPA дека многу мртви биле извлечени од урнатините на зградите оштетени во силната експлозија.

Зборувајќи за државното радион, сомалискиот претседател Мохамед Абдула Мохамед го опиша настанот како национална трагедија и јавно повика на помош на жртвите со крводарителски акции.

Претседателот притоа објави тридневна жалост, а илјадници луѓе излегоа во неделата на улиците, се упатуваат кон болниците во потрага по нивните роднини или блиски.

Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, но сомалискиот министер за внатрешни работи Абдираман Џарисов изјави дека веројатно станува збор за дело на екстремистите од групата Ал Шабаб.

Оваа исламистичка групација е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда и се залага за формирање исламистичка држава во центарот на Сомалија и сака да ја собори нејзината влада со чести терористички и воени напади.