Над 90 отсто од украинските војници се повлекоа од Дебалцево

Портпаролот на украинската војска, Анатолиј Стелмах денеска изјави дека повеќе од 90 отсто од украинските сили се повлекоа од стратешкиот град Дебалцево и околината. Сепак, тој не можеше да прецизира кога повлекувањето ќе биде завршено.

Стеламх уште рече дека проруските сили во текот на вчерашниот ден жестоко гранатирале село во предградието Маријопул.

Украинските сили вчера почнаа да се повлекуваат од Дебелцево после повеќенеделните жестоки судири иако примирјето стапи во сила на 15 февруари.

Во украинскиот конфликт кој почна во април минатата година животот го загубија повеќе од 5.600 лица.