Над десет деца повредени во тешка сообраќајка

Десетина деца се повредени од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14:20 часот се случила во близина на Велешта, Струшко.

Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 во сообраќајката учествувале автобус во кој се превезувале ученици и товарно моторно возило. Едно од децата е со потешки повреди и пренесено е во медицинскиот центар Свети Еразмо во Охрид, додека остнатите деца имаат полесни повреди.

Полицијата ја потврди несреќата