Над манастир се појавил ликот на Свети Василиј Чудотворец

Лик од Свети Василиј Чудотворец се појавил во манастирот Острог на празникот Пресвета Богородица и тоа додека литургија служел миторполитот црногорски-приморски Амфилохије, а на социјалните мрежи веднаш беа преплавени со таа вест.

Не е прв пат ликот на светецот да се појави над манастирот

Kако што велат верниците ова не било првпат да се појави ликот од светецот над манастирот.

– Го видов светиот лик на Свети Василиј Чудотворец кој се појави одеднаш и исчезна. Се личеше како на сон, бидејќи ликот после неколку секунди исчезна. Сигурно е Чудотворец сакал на нас да ни порача и да не насочи во ова време на поделби на народот и нормално да не заштитат нас, рекол еден од верниците.