Над милион денари украдени од вработен во продавница во Сити мол

Двајца разбојници укралево понеделникот повеќе од милион денари промет од вработен во една од продавниците во трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој се движел кон банка за да ги уплати парите.

Според информациите на МВР, вчера околу 09.40 часот, при излегување од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје, С.Ѓ. (19), вработен во „Спорт вижн“, се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот.

Притоа, тој бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.