Над осумдесет повредени во земјотрес во југозападен Иран

Осумдесет и две лица се повредени во земјотрес кој ги погоди југозападните ирански покраини Кохгилује и Бојерајмед, пренесува агенцијата IRNA повикувајќи се на ценарот за итна медицинска помош.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на градо Јасуџ во 00,26 часот во понеделникот по локално време, или 21,56 часот во недела по македонско време. Хипоцентарот на потресот бил на длабочина од само пет километри. Поради земјотресот градот Јасуџ извесно време останал без снабдување со електрична енергија.

Како што изјавил шефот на локалниот центар за итна медицинска помош, Џалал Поуранарда, помош на лице места им била дадена 71 локален жител, а уште 11 луѓе биле хоспитализирани.

Минатата седмица северозападно од градот Јасуџ беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5,3 степени. Според податоците на локалните власти, 133 луѓе беа повредени во оваа стихија.