Над петнаесет луѓе повредени од бруталноста на власта

Околу 15 лица се повредени во немирите пред Собранието на Република Македонија, каде власта со шок бомби и созлавец го растера протестот кој започна во 20 часот против промена на името.

Според првичните информации, околу 15 лица се пожалиле на повреди во Градската болница, од кои тројца имале потешки повреди.

Протестот најавен од навивачката група Комити ескалираше откако демонстрантите ја турнаа заштитната ограда на Собранието.

Уште на самиот почеток од нередите пред Собранието, дел од медиумите објавија дека уфрлени провокатори се обидоа да исценираат инцидент на протестот пред Собранието на Р.Македонија.

Лице во качулка му се приближи на репортерот на еден од медиумите кои настаните ги пренесуваа во живо, веднаш по почетокот на преносот во живо, во напад кој изгледаше како инструиран и претходно нарачан, имајќи во предвид дека тајмингот на нападот беше речиси веднаш по стартот на преносот во живо.

Дека ваквите сомнежи не се далеку од вистина потврдува и тоа што, според тврдењата на присутни на протестот, одредени лица кои првично биле дел од протестантите, потоа можеле да се забележат во полицискиот кордон, без потребната опрема на себе, облечени во цивилна облека. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали вечерва се случи свесно насилно сценарио?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.