Над половина милион денари ограбени од казино во Струга

Маскирано лице околу 5,40 часот утрото во неделата ограбило казино лоцирано во центарот на Струга.

Непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработените одзело околу 600.000 денари, по што го напуштило местотото на настанот, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.