Магазин

Над половина од светската популација очекува 2015 да биде подобра од лани

Над половина од светската популација очекува 2015 да биде подобра од лани

Секој втор жител во светот (53%) очекува дека 2015 година ќе биде подобра од претходната кога станува збор за економските очекувања, покажуваат резултатите од истражувањето на ВИН-Галуп Интернешнал.

Студијата, која е спроведена во 65 земји од светот, покажала и дека мнозинството (70%) граѓани во светот го сметаат крајот на 2014 година за среќен.

Најсреќни се жителите на Фиџи (93%), а најмалку среќни се Грците (25%).

Меѓу најголемите песимисти во економските очекувања се Малезија (61%) и Франција (57 %), додека најголеми економски оптимисти се жителите на Нигерија (80%), на Мароко (70%) и на Фиџи (68%).

Светските очекувања од 2015-та се истражени во рамки на меѓународната студија „Крај на годината“, која оваа организација ја спроведува кон крајот на секоја година.