Надал без конкуренција во Париз

Бранителот на титулата на второт грен слем турнир Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, се пласира во третото коло откако го совлада 20 – годишниот Австриец Доминик Тим со 6:2, 6:2, 6:3. За Надал ова е 61 победа на турнирот во Париз, а доколку триумфир на турнирот ќе ја освои деветтата титула, петта во низа.

Шпанецот не би требало да има посериозни проблеми и во наредното коло во кое ќе ги одмери силите со Аргентинецот Леонардо Мајер, кој беше подобар од Русинот Габашвили со 6:2, 4:6, 6:4, 6:4.

Неговиот сонародник и потенцијален противник во четвртфиналето Давид Ферер, лесно се справи со Симоне Болели со 6:2, 6:3, 6:2.

На женскиот дел од турнирот Србинката Јелена Јанковиќ славеше над Јара со 7:5, 6:0.