Надал добитник на наградата “Гран Вермеј”

Иако по повредата кариерата на Рафаел Надал бележи забрзан пад, сепак тоа не го менува фактот дека тој е “кралот” на Ролан Гарос.

Токму поради тој факт, шпанскиот тенисер го прими најголемото одликување на градот Париз, “Гран Вермеј”.

Надал наградата ја прими од градоначалничката на “градот на светлината”, Ан Идалго.

“Надал ја обележа, а и ќе продолжи да ја обележува историјата на Париз. Историјата на Ролан Гарос едноставно не може да се испише без името и на Рафаел Надал”, изјави Ан Идалго.

Рафаел Надал оваа сезона ќе атакува на јубилејната десетта победа на гранслем турнирот Ролан Гарос.