Надал елиминиран од австралиски тинејџер

Светскиот тениски рекет броједен Шпанецот Рафел Надал го заврши настапот на Вимблдон, откако во осминафиналето беше поразен од австралискиот тинејџер Ник Киргиос со 6:7, 7:5, 6:7, 3:6.

“Проблемот е во подлогата . Кога имате противник кој одлично сервира и ја удира силно секоја топка, тогаш сте во големи проблеми. Мислам дека не играв слабо, а освен тоа бев подобар од него во вториот и третитот сет, но не успеав да ги искористам своите шанси. Генерално, Киргиос беше подобар на овој меч и затоа победи, изјави Надал.

Настапот на турнирот во Лондон го заврши и РусинкатаМарија Шарапова, која беше елиминирана од Гермнката Анџелика Керберг со 7:6, 4:6, 6:4