Надал елиминиран во четвртфиналето во Барселона

Светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, елиминиран е во четвртфиналето на турнирот во Барселона. Тој загуби од неговиот сонародник Николас Алмагро со 2:6, 7:6, 6:4. Ова е прва победа на Алмагро над Надал во 11 меѓусебни дуели.

Фаворизираниот Надал во решавачкиот сет поведе со 3:1, но ни тоа не му помогна рутински да го заврши натпреварот. Алмагро успеа да  направи пресврт 4:3, а потоа и да го освои сетот.

Надал лошо почна сезонава на неговата омилена подлога. Претходно беше поразен во четвртфиналето на турнирот во Монте Карло од  Давид Ферер. Ова ги подграа шпекулациите дека Надал сезонава нема да ја освои титулата на вториот грен слем турнир Ролан Гарос. На турнирот во Париз, првиот светски рекет го подигнуваше пехарот осум пати, а и годинава ќе ја брани титулата.